Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обидот за увид во Избирачкиот список на СДСМ безуспешен

Обидот за увид во Избирачкиот список на СДСМ безуспешен

Пратеникот од опозициската партија Стефан Богоев денеска се обиде да направи увид во  избирачкиот список во подрачната единица на Државната изборна комисија во Центар, но безуспешно.

Од ДИК не беше дозволен целосен увид во избирачкиот список што е спротивно од изборниот законик, туку може само индивидуално да се провери

Богоев реагираше пред камерите на медиумите и рече дека се прават обиди да  се сокрие хаосот што се случува во избирачкиот список.

„И збирачкиот список останува полн со фантомски гласачи, останува полн со недоследности, со нецелосни документации и податоци за граѓаните“, рече Богоев образложувајќи дека СДСМ има и  конкретни податоци кои што велат дека 139.438 граѓани се без адреса, односно без валидна лична карта, а се останати во избирачкиот список.

18.269 лица коишто воопшто не им се пронајдени апликациите, односно барањата за лични карти во МВР, исто така се останати во избирачкиот список а 5.420 гласачи од Пустец, се уште по нивни информации од Државната изборна комисија се останати во избирачкиот список.

 Тој укажа дека Избирачкиот список воопшто не е прочистен и дека не е исполнет клучниот услов за фер и кредибилни избори.

 Од СДСМ стојат на ставот дека само прочистен избирачки список, фер регулација кај медиумите и одвојување на партијата од државата, се услови за да се овозможат фер и регуларни избори.

Слично

Поврзани вести