Обид за македонско помирување во Виена
Протест поради одлуката на претседателот Иванов за аболиција на одговорните во аферата „прислушување“ е завршен синоќа во Скопје мирно и без големи инциденти. Протести беа одржани и во Битола, Прилеп, Кочани, Велес и Куманово.
Антивладините протести во организација на асоцијацијата „Протестирам“ се шират во Македонија. Свое несогласување поради енормното трошење на буџетските средства демонстрантите ги изразија така што фрлаа детергент во фонтаната под споменикот на Александар Велики, после што водата во фонтаната стана црвена.
Европскиот комесар Јоханес Хан ги повика лидерите да одржат нов собир во Виена. Имено, тој ги повика лидерите на четирите најважни партии од македонскиот и албанскиот блок да преку нови преговори најдат излез од кризата.
Од друга страна, припадниците на Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) имаат нови барања. Тие сега бараат во преговорите да се вклучат и претставници од граѓанскиот сектор. Бараат преговарачите да гарнтираат дека Спогодбата од Пржино ќе биде почитувана и дека ќе се изврши департизација на администрацијата, средвување на ИС и демонополизација на медиумите.
Понатаму, тие бараат преговарачите да гарантираат дека одлуката за аболиција ќе биде повлечена и дека претседтаелот Иванов ќе даде оставка поради штетата која и ја нанесе на земјава, дека СЈО ќе има целосна слобода во своето дејствување , формирање на техничка влада која ќе спроведе фер и демократски избори и формирање на специјален суд односно судско одделение кое ќе има обврска да суди во случаите кои ќе произлезат од прислушуваните разговори.
Од Граѓанското движење за одбрана на Македонија ГДОМ прво најавија дека прекинуваат со контрапротестите. Меѓутоа, после повикот за нови преговори, објавија дека контрапротестите сепак ќе продолжат најавувајќи еден за четвртокот пред Собранието. Со овие протест бараат да се одржат изборите на 5 јуни.
Своите права ги бараат и повеќе од 2000 затвореници. Тие бараат помилување од Иванов, наведувајќи дека политичарите не смеат да бидат привилегирани, а затворениците граѓани од втор ред.
