ОБЕЗБЕДЕНИ СКОРО 13 МИЛИОНИ ДЕНАРИ: Еве каде ќе се градат патишта
Ќе се асфалтираат и градат повеќе патишта во различни општини во Македонија.
Ваква одлука е донесена на 163-та седница на Владата.
„На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата на Република Северна Македонија донесе одлуката за распределба на средства обезбедени во потпрограма Сообраќај и комуникации од капиталните дотации во единиците на локалната самоуправа за реализација на проектите асфалтирање на улица Христијан Тодоровски Карпош – втор крак во општина Чаир, за реконструкција на патот во село Матејче, општина Липково, за изградба на пат со кој ќе се поврзе селото Копаница во општина Сарај со регионалниот пат Скопје-Тетово, за изработка на проектна документација за изградба на булевар на делницата од Момин Поток до обиколницата кај Визбегово во Град Скопје, и за изградба на кружен тек во с. Мислешево – Струга“, информираат од Владата.
Вкупната инвестиција на овие инфраструктурни патни решенија изнесува 12,8 милиони денари.
Владата донесе и низа други одлуки денеска. Отворена е расправата за Буџетот 2020, ќе се утврди на наредната седница, одобрено е купувањето на простории во седиштето на НАТО, ќе се гради поликлиника во Општина Сарај.
