ОБЕМНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, НЕПЛАНИРАНИ ТРОШОЦИ, КОРУПЦИЈА – дел од проблемите во бизнисот, но и мерки за раст на економијата
Минатата година требаше да биде година за излез од кризата, но наместо тоа се соочивме со нова криза, енергетска. Иако како комора предупредувавме дека кризата ќе се продолабочи, сепак, таа ескалираше. Но, ова не беше пречка поголемите компании да инвестираат во производството. Ова го посочи Виктор Мизо, гернерален менаџер на „Костал Македонија“ и потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија кој беше модреатор на вториот панел на конференцијата „Eкономски предизвици во 2023 година: како да го одржиме еконоомскиот раст и да ја трансформираме економијата“.
- Извозно ориентираните компании беа добри и покрај кризата, но за да не ја изгубат конкуренцијата потребана е поддршка, пред се преку поевтина енергија – посочи Мизо.
Искористување на потенцијалот на нашата дијаспора беше фокусот на излагањето на Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија 2025 која укажа на проблемите со кои се соочуваат инвеститорите кога ќе започнат со отворање фирма во земајва.
- Најголем проблем е политичкиот ризик, прво сите гледаат на стабилнсота, на предвидливоста, на опкружувањето, дополнителнен мотив е стабилноста. Не може да се носи даночна реформа во декември, која ќе важи од јануари. Има недоволна едуцираност кај јавните институции, преклопување на ингеренциите на централно и локално ниво, иако на централно работите се подобрени, на локалноо ниво состојбите се тешки. Имаме преголема регулација, особено за компании кои доаѓаат од Америка и сакаат тука да инвестираат. Притоа премногу бирократија има не само кај институциите, туку и кај приватниот сектор како што се банките. Потоа преголема документација, но и корупција. Исто така да не ги заборавиме и дополнителните давачки како што се парафискалните, но и други непланирани трошоци. Во вакви услови голем дел од дијаспората која од сентиментални причини би можела да инвестира во Македонија ќе се предомисли – укажа Мојсоска Блажевски.
За управителот на „Џонсон Мети“, Боријан Борозанов, кој е и потпреседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при СКСМ еден од начините за поголем раст на домашната економија е анализа на 100 те најуспешни компании и од нивното искуство да се најдат мерки со кои ќе се дуплира извозот.
- Ако се поголедне наназат период од 7 - 8 години, ќе се види што е направено, и може да се поддржат за да се оди понапред. Изминатата година беше далеку од лесна, но ниту следните не се очекува да бидат лесни. Во автомобилската индустрија каде исто се чуствува ударот, освен големите компании кои имаа намален волумен но и понатаму профит, кај добавувачетие има уште посилен удар д кризата, а дел и затворија или ги променија локациите на делување – укажа Борозанов и се осврна и на проблемите со недостиг на енергија и на ресурси.
Со оглед на фактот дека Македонија нема извор на фосилни горива, односно она што го има е со слаб квалитет и во мали количини, и е узвозно зависна од гас и нафтени деривати, неопходно е повеќе да се снасочи кон искористување на обновливата енергија. Ова го истакна Тодор Анѓушев, управител на Мали хидро електрани и претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија при СКСМ.
- Потребно е регулативата да се промени и да се овозможи побрзо градење на централи за искористување на обновливите извори. Да може изградените централи побрзо да се пуштат во употреба и да произведуваат струја. Но, покрај сончеви централи, потребна е изградба и на хидроцентрали и на комбинирани постојки. Не смее неплански да се градат централите, но добро е да се менуваат законите за да имаме инвестиции. Заедно инвеститорите и инспекциите при лоцирање на грешка треба да најдат решение, не да се закочи само еден проект поради некаква грешка. Како држава мора да се бара и начин да имаме базична енергија, и да се има на ум дека сите централи ни се стари, освен ТЕ-ТО. Државата да размисли за учество во изградба на нуклеарни централи во странство, од каде ќе обезбеди базна енергија, бидејќи ОИЕ не се доволни – посочи Анѓушев.
Грижата за човечкиот кадар според основачот и управител на АСП-ПАК ДООЕЛ Охрид, Петар Спасески е клучен во развојот на компаниите. Тој посочи дека со обуки, доедуцирање на вработените за нови технологии, внимателен избор на технологија се овозможило напредок на компанијата која денес има над 400 ралични производи кои се користат во земјоделската, прехрамбената и градежната индустрија.
- Секоја криза е тешка, но ние треба да ја искористиме за инвестиции. Во нашата фирма секој профит се реинвестира во нови технологии, во нови капацитети. Ние започнавме на македонскиот пазар, но денес тој е само 2-3 проценти од вкупниот пазар кој го опслужуваме. Покрај регионот, се проширивме и во Европа, Америка, Африка а планираме и Австралија. Покрај вработените, важен е и односнот со партнерите. За оваа година веќе 80 проценти од производството ни е договорено - потенцираше Спасеки, според кој навремените инвестиции вродуваат со плод, и истакна дека компанијата уше пред 12 години вложила во фотоволтаици, поради што не се соочиле со проблеми со набавката на енергија.
