Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обединети за Македонија бараат итно ослободување на Бошкоски

Обединети за Македонија бараат итно ослободување на Бошкоски

Ако за три дена не биде ослободен Љубе Бошкоски, генералниот секретар на Обединети за Македонија, Раде Милососки најави радикални протести.

Од партијата за порадикалните протести  ќе ги информираат  меѓународната заедница и домашната јавност. Велат дека трпението на членството и поддржувачите на Обединети за Македонија е при крај и ако не биде потпишано решението за ослободување на Бошкоски, тие ќе поднесат кривична пријава против диекторот на затворот, Живко Пејковски за продолжена тортура која е политички мотивирана.

„Од ова место испраќаме јасна порака до директорот на затворот, Живко Пејковски веднаш и без одлагање да го потпише решението за ослободување на Љубе Бошкоски, кој незаконски и без основ го држи во заточеништво повеќе од три недели“-вели тој.

Должност на партијата е да продолжат со одбрана од неправдата, противзаконското киднапирање и држење во петгодишно заточеништво во македонските зандани на Љубе Бошкоски, додаваат од Обединети за Македонија.

Слично

Поврзани вести