Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обединетата дијаспора бара да гласа електронски или по пошта

Обединетата дијаспора бара да гласа електронски или по пошта

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) смета дека ако се укине или ограничи нивното право на глас на избори, ќе се загрози врската повеѓу татковината и дијарспората.

Ова е наведено во студијата „Решавање на институционалните препреки за Македонците кои живеат надвор од Република Македонија“, изработена по нарачка на Обединетата македонска дијаспора.

ОМД бара да им се овозможи електронско гласање или преку пошта.

„Овие реформи се веќе применети и испробани во низа други држави и се силни политички инструменти за зајакнување на демократијата и економијата на една нација", пишува во студијата.

Покрај тоа, тие бараат Владата на Македонија да отвори и повеќе конзулати и да формира министерство за дијаспората.

Слично

Поврзани вести