Обединет Youtube дигитално ќе војува со Исламската држава
Новата иницијатива на Youtube ги поканува сите активисти, професори, имами муслимани, видео-блогери и забавувачи во различни области да се приклучат во дигиталната ,,борба'' со екстремните исламисти.
До сега, и покрај строгите правила за користење на Youtube, екстремистите успеваа да шират пропаганда и страв со објавувањето видеа од обезглавување.
Па, идејата на Youtube е наместо одговор на секоја порака од Исламската држава, да се креираат видео содржини кои на екстремистите ќе им објаснат кои точно се проблемите на ИД и зошто не биле во склад со Исламот.
,,Целта на YouTube не е да ги насочува луѓето зад програмата за која и незборуваат премногу, туку да им овозможи да бидат она што се и да ја креираат соодветната содржина. Фокусот на програмата треба да биде на блогерите, а не на YouTube" велат од видео сервисот.
Слично
