Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обдукцијата заврши, ќе се утврдува идентитетот на загинатите кај Кожле

Обдукцијата заврши, ќе се утврдува идентитетот на загинатите кај Кожле

Обдукцијата на телата на загинатите патници во авионската несреќа што се случи во близина на селото Кожле заврши, објави „Телма“.

Обдукцијата покажала дека смртта настапила брзо, а жртвите имале тешки механички повреди предизвикани од падот на авионот.

Роднини на загинатите патници треба да пристигнат во Скопје, и со помош на ДНК анализа ќе се утврдува идентитетот на загинатите.

Во истрагата за падот на авионот освен Јавното обвинителство Скопје се вклучи и италијанското обвинителство од Тревизо.

Шест лица,  од кои пет мажи и една жена загинаа во падот на авионот „пајпер“ што на 6 септември се урна во близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во атарот на селото Кожле.

Слично

Поврзани вести