Обдукција ќе ја открива вистината за смртта на починатото момче од сообраќајката со Урко
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје утрово издаде Наредба до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје за обдукција на телото на мотоциклистот.
22-годишнoто момче С.А. им подлегна на повредите утрово по тешката сообраќајна несреќа што се случи на 27.07.2016 година во Кисела Вода.
Мотоциклистот пет дена беше во кома и лекарите го одржуваа во живот на апарати.
Имено на 26 јули, 30 минути по полноќ се случи сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(43) од Скопје и моторцикл Хонда ЦБР без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје.
Возачот на автомобилот се востанови дека е поранешниот телохранител на екс премиерот Дејан Митревски Урко.
„На 27 јули 2016 година, во 00.40 часот во Скопје, на булевар Борис Трајковски, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (43) од Скопје и мотоцикл „хонда цбр“ без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје. Во незгодата, тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот, кој со возило на итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“. Истиот е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност. Увид извршила екипа на СВР Скопје“, стоеше во првичната белешка на МВР.
Обвинителството ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа од Министерството за внатрешни работи – записниците од извршениот увид, скиците, резултатите од извршените анализи и изводите од техничкиот преглед на возилата.
