Обама со последна победа за животната средина - Нема да се буши нафта на Северен пол
Американскиот претседател во заминување Барак Обама пред да ја предаде администрацијата на Доналд Трамп донесе значајна победа за поборниците за заштита на природната средина и спречување на климатските промени со тоа што изрече забрана за бушење на нафта во наредните пет години на Северниот пол.

Оваа забрана може да ја повлече новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе ги намали дупчењата во море.
Дупчење ќе биде дозволено во делови на Аљаска и во неколку подрачја на Мексиканскиот залив.
Според планот за периодот од следната о 2022 година, дупчење ќе биде забрането во Чукотското и Бофортовото море кај северните брегови на Аљаска.
Слично
