Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама и Меркел со нови санкции против Москва?!

Обама и Меркел со нови санкции против Москва?!

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа телефонски за ситуацијата во Украина и можното воведување на нови санкции против Москва.

Тие ја разгледувале ситуацијата во Украина и можно регулирање на кризата во земјата предложено од претседателот Петро Порошенко, соопштија светските медиуми.

Во изминатата ноќ Обама разговарал телефонски и со неговиот француски колега Франсоа Оланд.

Двајцата повикаа Кремљ да го поддржи планот на Порошенко кој го користи своето влијание меѓу руските сепаратисти во Украина и помага во тоа  да се прекинат воените дејства.

Со сличен апел до Русија излезе и високиот претставник на ЕУ за прашањата на надворешната политика, Кетрин Ештон.

„Ја поздравуваме одлуката на претседателот Порошенко да се прекине огнот и неговиот план од 15 точки за мирно регулирање на кризата на истокот од Украина. Високо ги оценуваме напорите на Порошенко и ги повикуваме сите земји да ја искористат оваа долгоочекувана можност“, се вели во соопштението на Ештон.

Мировниот план на Порошенко има за цел да стави крај на борбите и сепаратистичко-проруското движење во источниот дел на земјата.

Слично

Поврзани вести