Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама ги спаси мигрантите, но ќе ја уништи економијата!

Обама ги спаси мигрантите, но ќе ја уништи економијата!
Иницираните од американскиот претседател Барак Обама имиграциони реформи може да предизвикаат непредвидливи турбуленции за американската економија. Неговиот план да се даде можност на милиони илегални имигранти да добијат законски дозвола за престој, би можел според економистите да ги влоши конкуренцијата за работни места и за платите во голем број индустрии. Економистите кои ги истражуваат потенцијалните несакани ефекти од објавениот претседателски декрет, се повикуваат на слична имиграциона реформа од претседателот Роналд Реган. Во 1986 година тој потпишува т. н. Закон за реформи и контрола (Reform and Control Act). Со него на околу 1,7 милиони луѓе без документи во САД им се обезбедува зелена карта, со која добиваат право да живеат и работат легално во земјата. Законот исто така дозволува на околу еден милион работници во земјоделскиот сектор да добијат подобар правен статус. Законот на Реган, кој во правна смисла е многу поширок од планот на Обама, имал речиси инстант последици за пазарот на трудот, покажуваат владините податоци и други истражувања на економисти, социолози и истражувачи на демографијата. Националните статистички податоци покажуваат дека имигрантите кои работат во сферата на земјоделството и трговијата на мало, најчесто почнуваат да бараат подобро платени работни места во други сектори. Кога подоцна тие се официјално натурализирани - во почетокот на 1990 година - само 4 отсто од претходните нелегални земјоделски работници биле уште вработени во земјоделството. Околу една четвртина од нив веќе нашле работа во градежништвото и на други места - во сектори во кои платите биле повисоки, покажува истражувањето за имиграција од 2002 година Една третина од илегалните имигранти, кои работеле во секторот на услугите или се биле на работни места како специјалисти, менаџери и техничари, остануваат верни на индустријата и по натурализацијата. Економистите и политичарите имаат силно спротивставени ставови за тоа како новиот план на Обама за имиграционата политика ќе влијае на пазарот на трудот и на економијата како целина. Сепак многу работи зависат од деталите на планот. Приврзаниците на имиграционатс реформа сугерираат дека таа ќе овозможи многу вработени да се вклучат во даночниот систем и соодветно тоа ќе доведе до зголемување на даночните приходи. Многу од критичарите стравуваат дека потегот ќе ја зголеми презаситеноста на програмите на Владата за благосостојба. Законот од 1986 година сеуште дава најмногу конкретни податоци, делумно затоа оттогаш значителен број илегални работници не добиле право на престој во САД и бројот на легално вработени не се зголеми значително. "Логично е да се претпостави дека незаконскиот статус им штети на вработените и поради тоа сега може да се очекува зголемување на платите", вели Линдзи Ловел, директор за политички науки на Институтот за меѓународни миграциони студии на Универзитетот во Џорџтаун. "Но не е јасно дали ова се однесува за сите илегални работници". Кога во почетокот на 1990 година многу погодени од реформата од 1986 година вработени веќе се натурализирани, платите се зголемија со помеѓу 5 и 16 проценти во споредба со нивните незаконски до овој момент плати, сметаат истражувачите. Шери Косуджи, социолог на Универзитетот во Мичиген, ги анализира ефектите од реформите и утврдува дека многу имигранти брзо се упатија во потрага по подобра работа. Како пример таа ги наведува имигрантите кои работеле во кујните на рестораните и пред донесувањето на Законот не можеле да најдат подобро платена работа. "Кој еднаш веќе добил легално дозвола за работа, може да премине кон предниот дел на ресторанот", вели Косуджи. "Може да побара и подобра работа, ако работодавачот плаќа неприфатливо ниски плати". Во истражувањето таа заклучува дека натурализирани имигранти добивале во тоа време околу 6% повисоки плати од оние на илегалните имигранти. Според нова прогноза на Институтот за имиграциски политики (MPI) во Вашингтон речиси 18 отсто од околу 8,2 милиони илегални работници над 16 години работат во туристичката индустрија и сродните области. 16% се вработени во градежништвото, 12% - во производството и 9% - во трговијата на мало. Според Ренди Кухи, директор на истражувањата во MPI, поради реформите на Обама во некои сектори на економијата може да се дојде до поголема конкуренција за работни места, отколку во други. Многу илегални имигранти избегнуваат да работат на пример во производството и месопреработвателната индустрија поради стравувањата од можни проверки на властите. Една дозвола за работа, сепак отвора нови можности за имигрантите. "Дефинитивно може да се дојде до поголема конкуренција", вели Кухи. За работодавачите се зголемува понудата на работна сила, од која тие би можеле да направат свој избор. Економистите сепак се поделени по прашањето за тоа како на крајот ќе ја чини оваа конкуренција. Џорџ Борджас, економист на Универзитетот Харвард, наведува во студија за конзервативната истражувачка група Center for Immigration Studies некои свои хипотези. Според него зголемување на работната сила од 10% кај некои "експертски групи" би ги намалил "платите на црнците во оваа група со 2 отсто, а на Шпанците кои се родени во САД, со до 4 проценти". Борджас сепак не сака да шпекулира каков конкретен ефект би имале плановите на администрацијата на Обама. Ловел смета дека измените ќе бидат особено значајни за оние илегални имигранти кои ќе добијат право да останат и се трудат. За други, сепак, и особено за економијата како целина, промените најверојатно ќе бидат незначителни. "Ние зборуваме за 2 до 3 отсто од работната сила, а и овие работници имаат средно ниво на образование од девет години", вели Ловел и предупредува дека и во двата табора - на застапници на реформата и на противниците нејзина, може да има многу претерани. K.K.
Слично

Поврзани вести