Оаза во Грција за 50 милиони евра
Грција го стави на јавна продажба островот Омфори, за цена од 50 милиони евра, што го прави најскапиот понуден остров досега. Овој недопрен рај е со 1.112 хектари и е ненаселен. Островот се наоѓа во Јонското Море и е еден од стотината што се продаваат во Грција
Тешката економска криза го зголеми бројот на острови и друг вид на недвижен имот во оваа земја. Многу од сопствениците Грци се најдоа во безизлезна финансиска состојба, од која единствен излез е да се продаде дел од имотот што го поседуваат.
Во Грција на пазарот на недвижнини се продава се: од куќи до луксузни вили, дворци, хотели, плажи до цели острови... Поради големата понуда цените на недвижностите се намалени. Но, потенцијалните купувачи се соочуваат со проблемот на сложената бирократска процедура за која се потребни месеци за да се добијат сите дозволи.
Слично
