О Нил: Македонија треба да бара прием во ОН под уставното име
Македонија ги исполнува двата услови за да биде членка на НАТО, согласно формалната позиција на Алијансата дека членството е отворено за која било европска држава во позиција да ги унапреди принципите на договорот и да придонесе за безбедноста на северноатлантската област. Доколку на следниот Самит не биде примена во НАТО, Македонија треба да бара прием во ОН под уставното име, смета Робин О Нил, амбасадор и прв медијатор во грчко македонскиот спор околу името.
Според О Нил, македонската Влада треба да лобира кај сите членки на НАТО и да ги замоли да прифатат дека во оваа работа, тие треба да бидат подготвени да дејствуваат со консензус, дури и со еден член со приговори, и да се прими Македонија во членство на Алијансата на следниот состанок на Самитот на НАТО, во Обединетото Кралство, во септември.
Важен момент за амбасадорот е и тоа што Расмусен ја повторил формалната позицијата на НАТО за Македонија со цитирање на заклучоците на министерскиот состанок на Северноатлантскиот совет во 2008 година, повторени, како што вели и во 2011 година дека „сите членки на НАТО донеле одлука да чекаат за заемно прифатливо решение за прашањето за името“, дека НАТО „прави потези со консензус“, како и дека „пресудата на Меѓународниот суд на правдата не влијае на одлуката донесена од страна на Северноатлантскиот совет во Букурешт во 2008 година“.
- Ние не треба да биде изненадени дека генералниот секретар зборуваше со вакви термини. Тој не е претседател на НАТО или лицето кое креира политика. Тој е само службеник на НАТО, и не можеше на 12 февруари да оди подалеку, од само да ја повтори формалната позиција на Алијансата како што е договорено од страна на неговите министри во Букурешт. Но, вредно е да се потсетиме на формалната позицијата на НАТО во врска со прием на нови членови. Тоа е дека, и повторно цитирам, „членството е отворено за која било друга европска држава во позиција да ги унапреди принципите на овој договор и да придонесе за безбедноста на северноатлантската област“.
Сега Македонија сосема јасно ги исполнува и двата овие услови, и навистина веќе придонесува за безбедноста на НАТО преку својата посветеност на теренот во операциите на НАТО. И според мене, политиката на НАТО на постапување преку консензус не мора да биде секогаш како барање за едногласност, и мислам дека НАТО во минатото дејствувал и во случаите каде што постоеше консензус во корист на одредена акција, иако некои земји-членки не беа подготвени да одат заедно со него, истакнал амбасадорот О Нил во интервју за ТВ Сонце.
Слично
