Економија, финансии, бизнис

Контакт

НВО и Партијата за движење на Турците бараат Латас веднаш да им се извини!

НВО и Партијата за движење на Турците бараат Латас веднаш да им се извини!

Главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ – Латас во дневникот на „Сител“ упати огромна навреда кон турската нација, нарекувајќи ги Турците лажговци, вели Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП).

„Ваквиот вокабулар не само што не е професионален, туку е големо омаловажување за целата 300-милионска турска нација и претставува огромен удар врз пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Турција. Партијата за движење на Турците во Македонија го повикува Драган Павловиќ – Латас итно да им се извини од сите Турци, а во спротивно ќе покренеме судска постапка“, соопштија од партијата.

И невладината организација „Уфук“ реагира на обраќањето на главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, кој на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју во вестите му рече „лажеш како Турчин“.

„Зборовите што ги слушавме пред малите екрани беа шокантни, длабоко навредливи и неприфатливи. Се прашуваме, воедно и јавно прашуваме од каде Латас ја добива оваа одговорност и храброст. Бараме јавно и за најкратко време извинување од „Сител“ и ги повикуваме сите Турци и слободоумни граѓани на Македонија да ја бојкотираат оваа телевизија. Во оваа пригода апелираме до сите Турци во Македонија да не паднат на ваквите ниски провокации на овој злосторнички медиум“, се вели во соопштението на „Уфук“

Слично

Поврзани вести