Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нутриционист ќе одредува што ќе се јаде во училиштата во Кисела Вода

Нутриционист ќе одредува што ќе се јаде во училиштата во Кисела Вода
Специјалист за здрава исхрана - нутриционист ќе ги подготвува менијата според кои ќе се хранат учениците во основните училишта во Кисела Вода. Проектот има за цел да ја подобри исхраната во училиштата, вели градоначалничката Билјана Беличанец - Алексиќ. „Кисела Вода ќе биде првата општина во која од оваа година, на учениците ќе им се овозможи здрава храна во училиштата. Имено, по завршувањето на тендерската постапка за избор на сите фирми за подготовка на храната во училиштата, општина Кисела Вода даде иницијатива, во изготвувањето на храната да биде вклучен и консултиран нутриционист, како на учениците би им се понудиле  квалитетни менија“, вели таа. Целта на овој проект е единствена – преку здравата исхрана да му овозможиме здравје на детето, изјави нутриционистот Тања Турунџиева. „Новоизготвениот режим на исхрана  во себе ќе содржи многу повеќе свежо овошје, зеленчук и македонска кујна која е специфична за овие простори. Направивме промени во однос на сите оние нутритивни состојки кои го тревожеа организмот на детето и не му дозволуваа правилно да се развива, што значи дека излеговме од досегашните стереотипи кои нудеа менија со заостанат концепт на избор на намирници. Вклучуваме специјалитети од македонската кујна, адекватни за секое дете на таа возраст“, појаснува Турунџиева. „ВИМ-Д КОМПАНИ”, “САРА ТРЕНД”, “АТРИУМ ДИМИЛ” и “ВЕЛФУД “се фирмите кои заедно со општината, нутриционистот и училиштата ќе го спроведат овој проект, а кон крајот на учебната година ќе се сумираат резултатите и ќе се суди за успехот на проектот. Нема да има различни менија, туку во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода, ќе се служи едно мени кое ќе се менува еднаш во месецот, во зависност од потребите на децата и сезоната. Притоа, ваквиот нов начин на исхрана во училиштата нема да ја промени цената за оброците. ФОТО: Курир  
Слично

Поврзани вести