Нуриел Рубини: Влез на нови пари за убрзување на американската економијата
Американскиот економист Нуриел Рубини смета дека влевањето на нови пари во американската економија, познато како квантитативно лабавење, ќе ја спаси САД од стагнација, но нема да ја изведе од кризата. Економистот инаку познат под прекарот Доктор Катастрофичар, падот на американскиот пазар на недвижнини и глобалната криза ги предвиде уште во 2006 година, две години пред нивното избивање.
Американските граѓани во моментов се соочуваат со пораст на потрошувачките цени, веќе втор месец по ред. Како причина за тоа се наведува растот на цените на бензинот, но освен енергенсите, другите производи не поскапеле, покажуваат официјалните податоци.
Слично
