Нуредини: Не очекувам гасот да биде скап кога ќе заврши гасификацијата
Насер Нуредини, министерот з аживотна средина, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека постои економска логика да продолжи гасификацијата на земјата, бидејќи не очекува да се задржи високата цена на природниот гас.
- Во јули треба да се потпише договор за поставување на терцијалната мрежа со странската компанија кој ќе биде одбрана. Таа треба да гасифицира 50 отсто од градските и 25 отсто од руралните средини, рече министерот.
Нуредини најави и субвенционирање на цената на гасот доколку се задрат високите цени, кои според министерот, во моментов се такви само поради геополитиката.
- Секако дека ќе субвенционираме. Гасот е на отворен пазар и ќе има ризици, но да бидеме независни, мораме да инвестираме, дали во соларни паркови, или проектот Чебрен. Треба да имаме долгорочна стратегија, вели тој.
Нуредини најавува и крај на примарната гасификација, а единствената пречка засега, како што наведе, се експропријациите, кои се над 4.000 површини.
Нуредини повтори дека со изградбата на интерконекторот со Грција ќе се намали зависноста од рускиот гас кој доаѓа преку Бугарија.
