Нулта инфлација во Холандија
Холандија во јануари оваа година забележала нулта инфлација, што е на најниско ниво во предходните 27 години.
„Инфлацијата во јануари на Холандија паднала на најниско ниво од декември 1987“, соопштиле од заводот за статистика на „ЦБС“.
До падот на индексот за трошоците на животот во јануари дошло од поевтинување на горивото. Бензинот во минатите месеци бил поевтин за 13 одсто во споредба со јануари минатата година, а гасот за 2,8 одсто пренесува АФП.
Цените на облека исто така паднале поради топлата зима, како и вообичаените јануарски распродажби.
Слично
