Нуланд: Време е Македонија да тргне напред!
Помошничката на американскиот државен секретар Викторија Нуланд ги повика во Скопје македонските политички лидери брзо да го спроведат договорот кој го постогнаа со посредство на ЕУ, за надминување на политичката криза и напредок на разговорите со Грција за името на земјата.
Викторија Нуланд се состана со лидерите на четирите најголеми политички партии, а потоа со премиерот Никола Груевски даде заедничка изјава.
„Време е да се заврши оваа криза. Ние во САД сме задоволни со соработката со ЕУ во рамки на разбирањето кое на Македонија ќе и овозможи да се врати на патот на европските евроатлантски интеграции, раст, добро и чисто управување, владеење на правото, слобода на медиумите и сите работи поврзани со државата“, рече Нуланд.
Таа истакна дека со премиерот и лидерите на состанокот разговарала за начинот на кој би можеле да го премостат постоечкиот јаз и како да спроведат договор кој на земјата би и овозможил да тргне напред.
