НУЛАНД ВО СКОПЈЕ: Од сатанизација до величење!
САД како глобален чинител, неминовно предизвикува реакции поврзани со настани во кои нивното учество се перцепира како клучно. Реакциите се движат до двата спротиставени екстреми: од сатанизација до величење.
пишува Горазд ЧОМОВСКИ
Во ваква атмосфера ќе биде пречекана високата преставничка на Стејт Департментот Викторија Нуланд која за една година вторпат доаѓа во земјата. Помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, која во Скопје е само неколку часа, пред политичките чинители ќе ја нагласи потребата за што поскоро целосно реализирање на договорот од Пржино.
До почетокот на август меѓународната заедница очекува да бидат надминати спорните точки. На лидерите ќе им биде биде предочено дека опструкциите врз работата на Специјалното јавно обвинителство мора да престанат со цел да се расветлат сите сомневања за криминал кои произлегоа од објавените прислушувани разговори. Меѓународната заедница до крај ќе инсиститира на правна разврска на кризата со што Вашингтон, Брисел и Берлин ќе ја поддржат идејата за формирање на Специјално судско одделние .
„Основањето на Специјалното јавно обвинителство за разјаснување на тешките обвиненија за злоупотреба на власта, кои излегоа на виделина во врска со аферата на прислушувањата, беше многу важен чекор за враќање на довербата на граѓаните во македонската правна држава. Специјалното јавно обвинителство мора да ја исполнува својата задача непречено и без никакво влијание отстрана.
Највисок приоритет треба да има брзото спроведување на Договорот од Пржино, за кој се согласија партиите летото во 2015 година“ порача во интервју за Фактор Државниот министер во германското МНР Михаел Рот.
Eвропратеникот и известувач за Македонија, Иво Вајгл за Фактор вели дека сака да остане дистанциран од актуелните случувања во Македонија.
„Не сакам да ја коментирам сегашната политичка ситуација во Македонија, затоа што сакам како известувач во Македонија да го зачувам статусот на некој кој сака да разбере зошто доаѓа до застој во политичкиот процес, а да биде при тоа независен и дистанциран од конфронтација со македонските политичари. Тие конфронтации се штетни за земјата и имаат негативни последици за интеграција на Македонија во евроатлантски рамки“, оцени Вајгл.
Посредувачката улога на релација Вашингтон- Брисел- Берлин ќе мора да резултира со позитивен исход особено што меѓународната заедница вложува големи напори да ја извлече земјата од ќорсокакот. Ако во најскоро време нема решение, постои сериозна опасност земјата да ја изгуби препорката за почеток на преговори, а санкциите кон одредени поединци и груби да се активираат.
Универзитетскиот професор по меѓународно право Горан Илиќ вели дека имајќи го во предвид фактот што се’ уште нема разрешница на кризата посетата на висок претставник на Стејт Департментот била за очекување.
„Викторија Нуланд важи за моќна политичка фигура во контекст на надворешната политика на САД, па оттука сметам дека таа поседува и висок политички капацитет и дипломатски кредибилитет за учество во ваков тип на процес. Разрешувањето на политичката криза, сметам дека пресудно зависи од внатрешните, домашни политички фактори и чинители, а секоја надворешна иницијатива или поддршка, може да се третира само како олеснување/потпомагање на процесот, но не и негово ултимативно разрешување.
Секако, не ја исклучувам и можноста поради агонистичкиот карактер на кризата (долготрајност и неизвесност) за создавање на чуство на анимозитет, и тоа не само кај лидерите на политичките партии инволвирани во процесот, туку и во пошироки рамки – меѓу граѓаните. Земајќи ја во предвид реалноста, а во интерес на консолидацијата на политичкиот систем на Р. Македонија во целина, инхерентно се наметнува потребата за иницирање на сугестии и иницијативи кои би значеле поддршка и помош за окончување на политичката криза, од страна на партнерски и сојузнички држави.
Но како што споменав и претходно, конечното разрешување ултимативно и пресудно зависи од внатрешните политички фактори, кои во еден момент ќе мора заеднички да го понесат товарот на политичката криза, и со тоа да овозможат непречено, демократско и ефикасно функционирање на политичкиот систем на државата и општеството во целина“, вели професорот од Битолскиот универзитет
Новинарката на Утрински весник Слободанка Јовановска не верува дека средбите на американскиот помошник државен секретар ќе доведат до равзрска на кризата .
„Можеби само да има некое придвижување, како резултат на пораките што ке ги изнесе тука. Но, странските дипломати апелираат на рационалност и посочуваат на последиците, а тоа не може да влијае којзнае колку на полтичката елита која е заглавена во злоупотреби и практично не гледа излез за себе. Мислам дека нема да има решение пред состојбата да ескалира уште повеќе и додека не се одржат какви такви избори. Во мегјувреме Нуланд и останатите ке притискаат за Специјален суд. Мислам дека до есенва нема да има видливо придвижување а потоа промените ке мора да се забрзаат“ прогнозира Јовановска .
Не е исклучено во текот на оваа недела да се одржи лидерска средба. Она што останува нејасно како ќе се артикулираат барањата на граѓанските организации кои инсистираат на нивно вклучување во преговрачкиот процес .
„Вклучувањето на граѓанското општество во разрешувањето на кризата е неопходно заради две причини. Првата е принципиелна. Оваа криза не е последица на борбата за власт помеѓу две (или четири) политички партии. Оваа криза е резултат на побуната на револтираните граѓани против корумпираниот режим. Затоа, граѓанското општество мора да бидат вклучено во разрешувањето, зашто да не беше тие, немаше ни да има криза. Втората причина е практична. Пристапот кој се применуваше изминативе година и нешто - тајни и затворени преговори, меѓу четири партии, под покровителство на меѓународната заедница – очигледно не дава резултати. Веќе година дена немаме скоро никакво поместување. Затоа, сите, а особено дипломатите, мора да сфатат дека е неопходна промена во пристапот кон кризата. Потребен е нов договор, со дополнителни конкретни реформи кои треба да се спроведат, кој датумот на избори ќе го услови со исполнување на тие реформи, и за чие спроведување ќе биде задолжена експертска, непартиска, влада. Граѓанското општество може да биде корисно во овој процес заради неговата експертиза, креативност, конструктивност и објективност “, објаснува Бранимир Јовановиќ од Левица .

Слично