Нуланд утре доаѓа во Македонија
Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд утре ќе ја посети Македонија, соопшти Американската амбасада во Скопје.
Таа ќе се сретне со претставници на Владата, функционери на политички партии и претставници на граѓанското општество, при што ќе разговараат за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, како и создавањето на услови за кредибилни избори.
Нуланд денеска ќе престојува во Тирана и Приштина. Во Албанија акцент ќе биде ставен на реформите во правосудството, а во Косово ќе се разговара за последните случувања во Косово,посебно прашањето околу демаркацијата на границата со Црна Гора.
