Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нуланд: Поддршка за СЈО и да се отвори пат за слободни избори

Нуланд: Поддршка за СЈО и да се отвори пат за слободни избори

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд денеска во Скопје изјави дека имала продуктивен ден на средба со македонските лидери и се надева дека Македонија брзо ќе излезе од политичкиот ќорсокак.

Таа бара да се поддржи Специјалото јавно обвинителство затоа што работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева е многу важна за владеење на правото. Нуланд вели дека ЕУ и САД прават напори за решавање  на кризата и сето тоа резултираше со договорот од Пржино.

„Имаше некаков напредок при имплементација на тој договор но сега е време да се заврши работата и да се отвори пат за слободни демократски избори. ­Денес се видов со сите четворица партиски лидери. Мора да кажам дека заминувам од Скопје охрабрена од она што го слушнав. Во наредните денови се надеваме дека преговарачките тимови ќе можат да ги разгледаат идеите што се маса и да се движат кон избори. За ова секако ќе биде потребна политичка волја од сите страни и на средбите почувствував дека таа волја ја има“ - изјави таа.

САД засега не размислува за санкции ако нема решение на кризата, додаде Нуланд.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пренел дека е можно да се исполнат условите и изборите да се одржат во ноември, а за опозицијата е најважно да се формира Влада која ќе ги спроведе изборите.

Претседателот  на ВМРО­ -ДПМНЕ, Никола Груевски побарал опозицијата да вети дека ако сите услови за избори се исполнети ќе учествуваат.

Од ДУИ се надеваат дека деновиве ќе се постигне компромис и бараат изборите да се одржат што е можно поскоро.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи денеска по средбата со Нуланд изјави дека зборувале за решавање на кризата и за стратешките цели на земјата.

Слично

Поврзани вести