Нуланд на 11 месецов доаѓа во Скопје за решавање на кризата
Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд на 11 јули ќе пристигне во Скопје.
Тема на разговорите ќе бидат политичката криза, поддршката на работата на Специјалното обвинителство и создавање на услови за веродостојни избори .
Таа на 10 јули ќе ја посети Приштина, каде е планирано да се сретне со косовските политичари и со претставници на граѓанското општество за да разговараат за билатерални и регионални прашања, за дијалогот Србија-Косово, евро-атлантската интеграција на земјата и напорите во борбата против корупцијата. По Косово, Нуланд ќе ја посети Албанија каде во фокусот ќе бидат судските реформи. Потоа Нуланд ќе отпатува за Белград, каде со српските власти и граѓанскиот сектор ќе разговара за дијалогот со Косово, и пристапувањето на Србија кон ЕУ.
