Нула проценти инфлација во Јапонија
Централната банка на Јапонија реши да не ја менува висината на својата основна каматна стапка. На тој начин земјата го отфрла притисокот од Владата за понатамошно олабавување на монетарната политика со цел земјата да излез од дефлација.
Банката на Јапонија соопшти дека ја задржува каматната стапка на ниво од нула до 0,1 % и дека ќе продолжи со програмата на купување на активи вредни 80 билиони јени (1,2 билиони долари), очекувајќи јапонската економија, која е трета по големина во светот, да остане стабилна со инфлација од околу нула проценти.
Слично
