Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нуклеарката Белене на референдум

Нуклеарката Белене на референдум
Референдум во недела  за изградбата на нуклеарната централа Белене се спроведува во  Бугарија, проект од кој се откажа актуелната влада на партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов. Руската компанија „Атомстројескпорт" требаше да ја гради нуклеарната електрична централа со која договорот во 2008 година го потпиша тогашната социјалистичка влада. Актуелната влада на премиерот Бојко Борусов се откажа од проектот откако градењето веќе беше започнато, тврдејќи дека станува збор за прескап проект. Изградбата на втората нуклеарна електрана е во застој поради несогласувањата помеѓу Бугарија и Русија, чија фирма „Атомстројекспорт" требаше да ја гради нуклеарката со капацитет од 2.000 мегавати, Недоразбирањата настанаа поради конечната цена на проектот, која требаше да изнесува помеѓу шест и 11 милијарди евра. Со цел да пронајде нов инвеститор, бугарскиот премиер Бојко Борисов го раскина договорот со руската фирма, која за надокнада на штета се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз и побара обештетување од 1,3 милијарди евра. Градењето на нуклеарката го поддржуваат опозициските социјалисти и десницата, тврдејќи дека со тоа ќе се создадат нови работни места, поевтина електрична енергија и ќе придонесе за бугарската енергетска независност. Станува збор за прв референдум во историјата на посткомунистичка Бугарија. Неопходен одѕив на гласачите од 60 плус еден избирач за да биде валиден, а според анкетите таква излезност не се очекува. Овој референдум, исто така, се смета и за теста за политичките партии пред парламентарните избори коишто ќе се одржат во јули годинава.
Слично

Поврзани вести