Економија, финансии, бизнис

Контакт

НУК со барање до Владата: Да не извисат за помош половина од угостителите

НУК со барање до Владата: Да не извисат за помош половина од угостителите

Писмено барање до премиерот, генералниот секретаријат и Министерствата за финансии и за економија доставила утрово Независната угостителска комора (НУК). Во барањето се инсистира да се направи измена на јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност 56.10, 56.29, 56.30. Ова како што стои во соопштението треба да се направи за да не извисат половина од угостителите кои беа затворени со одлука на Владата, донесена на 5 април годинава на кои исто така им беше забрането да работат со гости. 

„Доставено е барање со иницијатива за промена, исправка и дополнување на шифри на дејност кон јавен повик за пријава на финансиска поддршка од 6-тиот сет мерки за угостителите кои беа затворени со одлука на Влада. На Владата сакаме да укажеме дека финансиска помош мора да има за сите угостители на кои им беше забрането да работат со одлуката на влада од 5-ти април 2021 година, Владата не смее да дозволи поради техничка грешка едни угостители да добијат финансиска поддршка други не само затоа што немаат соодветна приоритетна шифра на дејност, стои во соопштението


Слично

Поврзани вести