Економија, финансии, бизнис

Контакт

НУК: Ладен туш за угостителите од Владата со вчерашната одлука

НУК: Ладен туш за угостителите од Владата со вчерашната одлука

Независната угостителска комора е независна од вчерашната владина одлука на 2.204 угостителски компании да им се даде 5,77 милиони евра од анти-ковид мерките за тринеделното неработење во текот на април.

Според НУК, Владата извисила повеќе од 4.000 угостителски објекти со над 10.000 вработени. Од комората велат дека првичната најава во рамките на шестиот пакет на економски мерки бил предвиден опфат на 6.000 угостителски објекти со над 17.000 вработени и исплата на вкупно 9,9 милиони евра надомест на загубите и штетите за периодот кога беа затворени.

Како што велат од таму, тоа значи дека две третини од угостителските објекти добиле ладен туш и останаа со празни сметки од очекуваната неповратна финансиска помоши и поддршка за надомест на штетите и загубите кои ги имаа поради забраната да работат со гости од 6 до 27 април .

„Владата не успеа да ги оддржи ветувањата и најавите и си донесе одлука со која само на 2.204 од скоро 6.500 компании од угостителската дејност, коишто со одлука беа затворени во периодот од 6 до 27 април ќе им исплати износ од 354.656.831 денари или 5,77 милиони евра.

Зошто Владата најави и вети 9.9 милиони евра за 6000 угостители и 17.000 вработени, а создаде услови и критериуми од кои ќе исплати на една третина нешто повеќе од половина од ветената помош. Која е целта на Владата да се попишмани за најавите и ветувањата и со ваква одлука да им одземе повеќе од 4 милиони евра ветена помош на угостителите? Во чии џебови и сметки сега таа помош ќе биде пренасочена“, се вели во реакцијата на НУК.


Слично

Поврзани вести