Економија, финансии, бизнис

Контакт

Њујорк тајмс: Македонија е на раскрсница!

Њујорк тајмс: Македонија е на раскрсница!

 Македонија е на раскрсница со многу проблеми, па не чуди што оваа земја во последните пет години ја напуштиле преку 300 илјади граѓани, пишува Њујорк тајмс.

„Македонија стои на страна, во предсобјето на Европа, изолирана поради проблеми со името, и се заканува етнички судир а е демолирана поради слабата економија поради која обаа земја е на прво место во Европа по невработеност. Не изненадува што оваа земја во последните пет години ја напуштиле повеќе од 300 илјади граѓани“, стои во текстот.

Makedonija-s

„Додека оваа земја глуми реформи и го лаже Брисел со интегративните процеси, владеачкиот режим продолжува со балкански стил на „функционална демократија“. Вработувањето во владата е условено со гласање за партијата на власт, додека е затворена една од телевизиите кои ја критикуваа власта. Владеачката партија ВМРО ДПМНЕ ги користи изборите да покаже како на опозицијата не може да и се верува и да подготви избори како само би била избрана“, нагласува овој медиум.

Понатаму се вели како владата, занесена со создадениот имиџ на жртва од странски завери, во суштина изградила агресивна националистичка реторика кон соседите.

Весникот понатаму нагласува дека со отварањето на аферата за прислушување, лидерот на опозицијата ги обелоденил еден од најголемите скандали во земјава, каде власта следела и снимала незаконско прислушувани телефонски разговори на опозициските политичари, министри, други државни функционери, новинари, невладини сектори, итн. Ова прислушување обелоденува корупциона и криминална активност, кражба на гласови, но и прикривање на убиства.

Во врска со мајските настани во Куманово се вели дека албанските вооружени сили и македонските безбедносни сили се судриле во близина на овој град и дека при таа прилика животот го изгубиле 22 лица , но дека со тоа повторно се вратил стравот од меѓуетничко насилство.

Во текстот сепак се нагласува дека сегашните настани немаат ништо заедничко со судирот од  2001.

Слично

Поврзани вести