Нуди плата од 8600 куни, сместување и храна, а не може да најде работник
Недостигот од работна сила ги мачи и загребските работодавачи.
Работодавец кој нуди плата од 8600 куни, сместување и храна сепак не може да најде келнери и готвачи.
Тој раскажува дека неодамна пронашол помошник готвач, го пријавил, но по кратко време тој нашол нова работа и заминал во Ирска.
Истиот проблем го имаат градежниците. Сопственик на градежна фирма вложил 7000 евра за инвестиции, почнал да работи, но останал без работници затоа што тие отишле во Германија.
Работодавците велат дека идната година ќе биде уште полошо.
Угостителски објекти кои лани имале по 110 работници, сега се сведени на 50 работници.
Слично
