Економија, финансии, бизнис

Контакт

НСДП: Спас од кризата е забрана за ВМРО-ДПМНЕ да учествува на избори

НСДП: Спас од кризата е забрана за ВМРО-ДПМНЕ да учествува на избори

Од Нова Социјалдемократска партија ја коментираат одлуката на претседателот Иванов и велат дека со овој чин на аболиција тој само го потврдил криминал на злосторничко здружување.

„НСДП сака да ја предупреди македонската јавност од последиците на таков насилен чин. Доколку со таков криминален багаж влезат во новото Собрание на РМ истото веднаш ќе биде делегитиминирано. Според член 2 од Уставот на РМ, "суверенитетот во РМ произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните"., "граѓаните власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници". Создавањето на правна можност, докажани криминалци да станат народни претставници е само продолжување на кривичното дело и целосна дискредитација на највисокото преставничко тело и Законодавниот дом. Криминалците остануваат криминалци, колку и да бидат амнестирани и аболицирани. Таквите луѓе не смеат да организираат парламентарни избори, ниту пак да бидат на листите за кандидати за пратеници“, велат во соопштението од оваа партија.

Бидејќи Ѓорѓе Иванов е избран на криминални и фалсификувани избори, тој нема ни правен, ни морален кредибилитет, некој да амнестира или аболицира, укажуваат од НСДП.

Велат дека со овој чин тој ги охрабрил  сите криминалци да направат нов изборен фалсификат и велат дека единствен спас од кризата на земјава е СЈО да  покрене истрага против ВМРО-ДПМНЕ како правно лице и да предложи мерка забрана за учество на следните избори на злосторничкото здружение.

Слично

Поврзани вести