Економија, финансии, бизнис

Контакт

НСДП:Патриотите од ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја туркаат Македонија во провалија

НСДП:Патриотите од ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја туркаат Македонија во провалија

Од НСДП прашуваат што уште треба да се случи за големите патриоти од ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја туркаат Македонија во безизлез и политичка провалија.

Додаваат дека историјата на парламентарната демократија не памети случај кога шеф на држава така отворено, транспарентно амнестира политичари за изборен криминал непосредно пред избори, со единствена цел да се спроведат уште едни фалсификувани избори за партијата на неговите наредбодавци да остане на власт.

„Фридом Хаус во најновиот извештај јасно нотира дека слободата на медиумите во Македонија е во слободен пад кон дното благодарејќи на тоа што Никола Груевски не направи ништо во поглед на реформата на медиумите, обврска која ја презема и со својот параф на договорот од Пржино. Неговата опседнатост со спроведување на пропаганда во интерес на неговата партија ја стави во заложништво целата медиумска сфера и слободата на јавно изразената мисла, притоа оддалечувајќи не од европските стандарди за слободни медиуми“ - велат од НСДП.

Велат дека станавме единствена држава во која за фактите во Избирачкиот список се одлучува со гласање во ДИК.

„Тоа само ја потврдува тезата дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ниту досега го прочистувале избирачкиот список ниту пак за овие избори имаат намера да го прочистуваат, знаејќи дека неговата неверодостојност е подлога за изборна кражба“- додаваат од партијата.

НСДП смета дека сега е вистинскиот момент самопрогласените патриоти на ВМРО-ДПМНЕ да покажат дали повеќе ја сакаат Македонија од нивното корумпирано и криминално раководство.

Слично

Поврзани вести