Економија, финансии, бизнис

Контакт

НСДП бара СЈО да покрене истрага за ВМРО-ДПМНЕ

НСДП бара СЈО да покрене истрага за ВМРО-ДПМНЕ

Од НДСП бараат Специјалното јавно обвинителство да ја гони ВМРО-ДПМНЕ, затоа што по објавувањето на прислушкуваните разговори според нив, тие не се партија, туку злосторничко здружение.

Според НСДП, станува јасно и дека Никола Груевски уште пред последниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, минатата година, знаел дека ќе има колективна одговорност на раководството на партијата и целата партија како правно лице.

„Неслучајно целото поранешно раководство беше избрано повторно во новото раководство, односно прибегна кон политичките функции на партијата како форма на заштита од правното санкционирање на кривичните дела кои ги направиле во текот на владеењето. После ова НСДП очекува СЈО да покрене истрага против ВМРО-ДПМНЕ како правно лице и да побара од Судот да обезбеди заштитна мерка – забрана за учество на наредните парламентарни, локални и претседателски избори, со единствена цел да се спречи повторно спроведување на изборен криминал. Не случајно Никола Груевски бара брзи избори по секоја цена, свесен дека единствено со фалсификат и украдени избори може да се спаси од кривична одговорност“-велат од НСДП.

НСДП бара, наместо да се бара измени по скратена постапка во законот за кривична постапка, по скратена постапка да се пристапи кон измени на Кривичниот законик и попречувањето на правдата, како што бара СЈО, да биде казниво дело. На тој начин сметаме дека ќе се создадат формално-правни предуслови за одговорност и правно санкционирање на поведението на Советот на јавни обвинители, односно одбивањето да не ги предаде на СЈО случаите „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“, соопштуваат од НСДП.

Слично

Поврзани вести