Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новоизбраните пратеници денеска треба да си ги земат уверенијата

Новоизбраните пратеници денеска треба да си ги земат уверенијата
Државната изборна комисија денеска им ги врачува уверенијата на новоизбраните пратеници во македонското Собрание. Првиот човек на ДИК Никола Рилкоски вчера нагласи дека ниту една партија досега официјално не ја известила централната изборна комисија дека не ги прифаќа мандатите. На 123-ца народни избраници вчера им беше потврден мандатот откако ДИК на седница ги усвои официјалните резултати од предвремените парламентарни избори. Во знак на непризнавање на изборниот процес и резултатите, СДСМ, ЛДП, НСДП и НДП досега во јавноста најавија дека ќе се откажат од освоените пратенички места. Избраните пратеници од овие партии досега не се појавиле во ДИК за да си ги земат уверенијата. Во идниот состав на Парламентот ќе седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ. Конститутивната седница на новиот Парламент треба да се одржи до крајот на неделава, а веќе в понеделник пред новиот состав на Собранието треба да се одржи и инаугурацијата на новиот шеф на државата Ѓорге Иванов.
Слично

Поврзани вести