Минималната плата ќе расте и во јануари
Минималната плата ќе расте и овој месец. Газдите во сите индустрии освен во текстилната и кожарската, на работниците во февруари наместо 9.590 денари ќе треба да им исплатат најмалку 10.080 денари.
Останатите индустрии, како текстилците на пример, се очекува зголемување на минималната плата да имаат во 2018-та година.
За непочитување на законот за минимална плата, казните за газдите се движат од 8 до 9 илјади евра за фирмата и од 4 до 5 илијади евра за одговорното лице. Ако во текот на годината го повтори делото глобата се зголемува, а работодавачот ќе се соочи и со забрана за работа.
Слично
