Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ново задолжување, колку пари ќе позајми Владата?

Ново задолжување, колку пари ќе позајми Владата?

Владата денеска ќе се задолжи со 61,3 милиони евра кај домашните банки и осигурителни компании. 

Според проспектите на Министерството за финансии,  околу 10,5 милиони евра се со рок на достасување на 6 месеци, 39,9 милиони евра на една година , 5,5 милиони евра 2 години, 5,7 милиони евра за 15 години.

Утре по основ на доспеани обврски, државата треба да врати 49, 26 милиони евра, а за четири дена уште 12,21 милион евра.

Јавниот долг, според Министерството за финансии со третиот квартал од годинава достигна  4,76 милијарди евра или  50,6% од домашниот бруто производ (БДП). 

Ова е рекордно ниво на јавниот долг.

Слично

Поврзани вести