НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Владата ќе позајми 15,5 милиони евра!
Во вторник ќе се одржи аукција на државни записи на хартии од вредност во вредност од скоро 15,5 милиони евра.
Најголем дел од парите, или 13 милиони евра Владата планира да ги позајми преку продажба на државни хартии од вредност со рок на доспевање од 6 месеци, односно 1 година , додека 2,4 милиони евра ќе бидат обезбедени преку државни обврзници.
Вторите записи Владата ги првада со рок на доспевање од 15 и 10 години, со што продолжува трендот на долгорочни задолжувања.
Oна што најмногу ги загиржува експертите е исплатата на плати и пензии, а притисок ќе создадат и новите ветувања на власта како зголемени пензии и социјална помош, бесплатен превоз за студентите .
Околу 15,5 милиони евра веќе во среда ќе треба да се исплатат за стари издадени и доспеани за исплата државни хартии од вредност, а до крајот на јуни ќе треба да бидат вратенми 491 милион евра.
Слично
