Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата се задолжи за нови 12 милиони евра

Владата се задолжи за нови 12 милиони евра

Владата го продолжува трендот на долгорочни задолжувања и денеска од домашните кредитори позајми 12 милиони евра.

Со новото задолжување,  долгот на Владата што треба да го врати за 10 или 15 години изнесува 106 милиони евра. Долгот со рок на отплата од 3 години изнесува скоро 330 милини евра, а речиси 449 милиони евра од долгот е врзан за едногодишни хартии од вредност.

Најголеми кредитори на Владата се банките и осигурителните компании. Па така, за пет години внатрешниот долг на Владата е зголемен за скоро 750 милиони евра, а заклучно со јуни месец оваа година, тој достигна скоро 1,3 милијарди евра.

Вкупниот јавен долг на државата заклучно со првата половина од годинава достигна 3,9 милијарди евра или 43,7 проценти.

Слично

Поврзани вести