Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВО ПРАВИЛО: Во грчките хотели ништо нема да биде исто

НОВО ПРАВИЛО: Во грчките хотели ништо нема да биде исто

Хотелите во Грција треба да имаат лице одговорно за справување со гости сомнителни на коронавирусот. 

Освен тоа, треба да имаат лекар и соработник. 

Секој туристички објект треба да има архива со податоците за персоналот и гостите (име и презиме, националност, датум на пристигнување и заминување, телефонски број, мејл и сл) за доколку се појави сомнителен случај, да биде полесно пронаоѓањето на лицата кои биле во контакт.

Мора да се почитуваат и правилата за заштита на личните податоци.

Оние со капацитет од 50 и повеќе соби, потребно е да изработат акционен план и индивидуални протоколи за секој дел од објектот за управување со евентуален позитивен случај, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидена е и обука на персоналот за начинот на пренесување на вирусот, за процесот за информирање на одговорните во хотелот како и гостите, за одржување на основните правила за лична хигиена и слично. 

На рецепција, треба да има антисептик за гостите, вработените да држат растојание. Се препорачува да постојат информативни проспекти со основните здравствени упатства на неколку јазици, се препорачува пријавувањето и одјавувањето да биде по електронски пат, а плаќањето со картица.

Хотелите кои работат во текот на целата година ќе се отворат на 1 јуни, а другите туристички објекти на 15 јуни 2020 година.

Грција првите туристи ги очекува од соседните земји. Министерот за туризам, Харис Теохарис во интервју за ЕРТ вели дека многу полесно, од 15. јуни од кога Грција ќе се отвори за туристичката сезона, ќе дојдат туристите од Северна Македонија, Србија, Бугарија...

Владата побарала да се направат анализи и за останатите земји во Европа, односно да добијат податоци од балтичките земји, од Германија, Израел, Кипар, како и други земји од поширокиот регион.

Слично

Поврзани вести