Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Дали одењето во ресторани е луксуз?

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Дали одењето во ресторани е луксуз?

Угостителските услуги во октомври биле поскапи од лани за 3,9 отсто. 

Ова зголемување е во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Цените во угостителството, по групи, во октомври 2025 година во однос на септември 2025 година се зголемени за 0.2 oтсто кај храната, 0.5 отсто кај алкохолни пијалаци, 0.2 отсто кај безалкохолни пијалаци  и 0.8 отсто кај ноќевања.

Во октомври 2025 во однос на претходниот месец цените на угостителските услуги се зголемени за 0.3  отсто. 

Во периодот јануари – октомври годинава, пак, во однос на истиот период лани, цените се зголемени за 5.1 отсто, а во споредба со декември 2024 година растот е 2.1 отсто. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести