Ново пиво за нов успех
Потрошувачката на пиво во Германија опаѓа вртоглаво, поради што најголемиот производител на пенлив пијалок во Европа побара помош не од било туку од САД.
Оливер Лемке патува до Колорадо, Њујорк и Калифорнија, за да научи како локалните мали пивари успеваат да заземаат значаен дел од американскиот пазар. Лемке, кој тврди дека американските колеги го научиле да биде храбар и да експериментира со нови видови пиво, сега ја проширува својата пиварница во Берлин, бидејќи трендот достигнува и во Германија. Доказ за тоа е дека малите пиварници се зголемиле за околу 30 проценти од 2005 година досега, достигнувајќи 670 на број.
"Ние Германците сме убедени дека можеме да правиме најдобро пиво во светот, но во меѓувреме не нудиме различни пива", коментира Лемке додека пие од најновата креација - India Pale Ale, која има вкус на грејпфрут и манго. Според него сличен тип експерименти со пиво претставуваат интересна и профитабилна гранка, и затоа смета дека било грешка што неговата компанија не се насочила натаму порано.
Германија, која е дом на најстарата активна пиварница во светот, е синоним на пивото, а индустријата со пиво во земјата изнесува 8 милијарди евра. Но потрошувачката и производството во Германија се намалува во последните седум години.
Наместо тоа, Германците пијат повеќе вино, кафе во италијански стил и летни коктели како Aperol Spritz. Во одговор на овој тренд германските пивари кои бараат начини да го вратат интересот за пивото, го следат примерот на САД, каде Boston Beer Co. е една од компаниите пионери во создавањето на нови видови на пиво.
Овој тип пивари во САД претставуваат 14% од 100-милијарди американскиот пазар во 2013 година според Brewers Association. Иако продажбата на пиво во САД предвиде пад со 1,9% минатата година, овие на новите видови пиво се зголемуваат со 17 отсто.
Во Германија новите пива долго време не присуствуваа на пазарот. Локалните пивари кои во моментов го одбележуваат Oktoberfest - најважниот настан за индустријата, се надеваат дека специјалните пива можат да помогнат за промената во перцепциите на потрошувачите и привлекување назад на луѓето кои во текот на годината купуваат пенлив пијалок.
Radeberger Gruppe AG, најголемиот производител на пиво во Германија, почна да продава специјални пива по цени кои можат да достигнат 24,99 евра за шише. Некои одат уште подалеку. Во мај Holger Wirtz пушти сајт во кој секој може да си создаде свое сопствено пиво спрема нивните параметри. Потоа напитокот се испорачува во шише шампањ во рок од една недела.
К.К.
Слично
