Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ново обвинување од СДСМ – бизнис зделки на Талевска тешки еден милион евра

Ново обвинување од СДСМ – бизнис зделки на Талевска тешки еден милион евра
Министерството за здравство склучило договор за набавка на опрема вреден еден милион евра со фирмата во која мнозински сопственик е мајката на уредничката на Сител и Вечер Ивона Талевска, обвини опозициската СДСМ презентирајќи документи од Бирото за јавни набавки. Бизнисот од 40 илјади евра за кој вчера објавивме документи е ситница во однос на бизнисот од милион евра на фирмата на новинарката Ивона Талевска со Министерството за здравство за кој денеска ви презентираме документи, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. Тој презентира официјален документ од Бирото за јавни набавки, кој покажува дека министерството на Никола Тодоров склучило договор со фирмата во која мнозински сопственик е мајката на Ивона Талевска, во вредност од 62.701.048 денари. -Тоа е зделка од милион и 28 илјади евра со фирмата Визарис МКД, чија сопственичка е Лимба Талевска, а лице за контакт самата уредничка на Сител и главен и одговорен уредник во весникот Вечер, Ивона Талевска. Милион евра, пари на граѓаните, завршиле или ќе завршат на сметката на фирмата на Талевска. Значи, додека едни новинари скапуваат по затворите, многумина новинари професионалци се на улица, некои чесно едвај доаѓаат до егзистенција, а други ги одработуваат агендите на власта за нецели 200 евра, оваа напредна уредничка, бизнисмен, лице за контакт, Ивона Талевска, помага да се таложат државни пари на семејно конто- рече Шилегов.
Слично

Поврзани вести