Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ново наоѓалиште на гас е откриено покрај брегот на Египет

Ново наоѓалиште на гас е откриено покрај брегот на Египет

Италијанската енергетска компанија „Ени“ објави дека открила ново наоѓалиште на гас и кондензат во Средоземното Море, покрај брегот на Египет, во рамките на концесијата „Темсах“.

Прелиминарните проценки покажуваат дека на таа локација има околу 57 милијарди кубни метри гас, како и околу 130 милиони барели кондензат, објавува Ројтерс.

Ова откритие доаѓа во време кога домашното производство на гас во Египет се намалува во последните години, додека земјата истовремено ги трпи последиците од војната со Иран, особено во енергетскиот сектор, бидејќи во голема мера се потпира на увоз на гориво.

Локацијата се наоѓа на околу 70 километри од брегот, на релативно мала длабочина од морето и многу блиску до постојната инфраструктура, што овозможува побрз и поефикасен развој на проектот.

Откривањето на полето со гас се случи откако беше потпишан договор со египетските власти во 2025 година за продолжување на концесијата на Темса за уште 20 години. „Ени“ го управува проектот со 50 проценти удел, заедно со БП, додека операциите се извршуваат преку заедничкото претпријатие Петробел, во партнерство со државната нафтена компанија на Египет.

Foto: Pixabay.com

Слично

Поврзани вести