Ново милионско задолжување на Владата
Во пресрет на наплатата на стари долгови во среда, еден ден пред тоа Владата планира да се задолжи кај домашните кредитори за 30,5 милиони евра.
Според најавата на аукцијата, ќе бидат издадени 6-месечни државни записи во вредност од 8,7 милиони евра и 12-месечни записи во висина од 21,8 милиони евра.
Пред само два дена, Владата се задолжи четири пати повеќе од најавеното. Министерството за финансии во четвртокот се задолжи со 13,4 милиони евра, наместо со планираните 3,6 милиони.
Задолжувањето не доби дозвола од дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, кој предупреди дека со само пет аукции, направен е нов нето долг од 56 милиони евра.
Откако дополнителниот заменик министер, Кире Наумов побара вето на ваквите задолжувања, судот треба да одлучува за ова.
Засега нема информации кога Вишиот Управен суд ќе одлучува за жалбата што ја поднесе Министерството за финансии против одлуката на Управниот суд со која Кире Наумов смее да става вето на задолжувањата
