Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новковски: Универзитетот е место каде слободната мисла се штити од самоволието на власта!

Новковски: Универзитетот е место каде слободната мисла се штити од самоволието на власта!
Главната   цел на  власта за  формирање на новиот  Универзитет “Дамјан Груев” е  да  ги смести лицата  што биле учесници во масовните незаконски прислушувања во академска институција, каде што би биле покриени со академската автономија и заштитени од евентуалниот правен прогон, што инаку би било битен дел од разоткривањето на ова ужасно загрозување на човековите права што и се случувало на Македонија последниве години- вели за Фактор универзитетскиот професор и поранешен министер за образование и наука Ненад Новковски. Тоа вели  никако не смее да се допушти  бидејќи Универзитетот е место каде што се штити слободната мисла од самоволието на власта, а не спротивното. “Основањето на ваков универзитет е целосно неосновано и брзината на одлучување е толку голема што е јасно дека нема никава сериозна работа на таков проект. Основање на универзитет бара многу годишна работа со постепено градење на иснтитуција, што овде не е случај. Основањето на високообразовна институција од ваков карактер мора да биде целосно координирана со НАТО и ЕУ затоа што ние влегуваме во единствен безбедносен и одбрамбен систем и кадрите за нив во идина мора да бидат формирани на единствен начин”- вели професорот Новковски. Расправата во Комисијата  за образование, наука и спорт која петнаесетина дена  е заглавена на процедурална дискусија,  според него покажува дека вака неоснован предлог мора да биде запрен,  за да не нанесе несогледливи последици во идинина. “Отпорот на опозицијата во овој случај е за секоја пофалба. Иако е малку веројатно, може и да се изгласа изнасилено законско решение од парламентот, но практично е невозможно да дојде до негова реализација, поради тоа што таа резализација бара многу сериозни активности и ресурси чиешто обезбедување е крајно сложена и тешка работа. Конкретно, со новиот Закон се предвидува голем дел од наставата да биде изведуван од лица што немаат соодветни квалификации, што се уредува со посебен член од прелог законот за основање на новата институција. Според важечкиот закон, според којшто одборот носи одлуки, таква можност не постои и одборот не можел да даде  позитивино мислење за тие наставници што не ги исполнуваат условите”-објаснува професорот Новковски. Потребата на државата  додава универзитетскиот професор е поврзана со колективните безбедносни системи, а за нив веќе постојат системи што функционираат и каде што се одвиваат специјални обуки за нашите кадри. Образованието покриено од граѓанскиот дел на институциите како што вели целосно ги покрива потребите за кадри коишто имаат иницијално високо образование во граѓанскиот дел, па нема никаква потреба за формирање на ваква институција. “Сите го создаваме светот во којшто живееме. Тоа е тешкотија, но и предизвик за докажување”   Лаконски кажано:„Cuidam dicenti, maximum esse numerum hostium, Laco respondit: Tanto maior erit gloria nostra” И да беше жив Дамјан Груев, сигурен сум дека истото ќе и го порачаше на оваа власт што го злоупотребува неговото име за лоши цели”- порачува поранешниот министер за образование Ненад Новковски. С.Б.
Слично

Поврзани вести