Новковска разрешена од директор на Државниот завод за статистика
Благица Новковска разрешена од директор на Државниот завод за статистика. Што се крие зад нејзината смена?
Благица Новковска koja e доктор на науки и важи за една од најдобрите експерти од областа на статистиката деновиве е разрешена од позицијата директор на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во јавноста се шпекулира дека причината за нејзиното разрешување се сѐ почестите критики на нејзиниот сопруг, екс министерот за образование и универзитетски професор, Ненад Новковски за реформите во образованието вклучувајќи ја и одлуката за воведување на државен испит. За време на директорувањето на Новковска со Државниот завод за статистика имаше обид за спроведување на попис, но поради несогласувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оваа статистичка операција пропадна. Во интервју за порталот Фактор, Новковска рече дека Државниот завод за статистика од методолошки аспект е подготвен да ја реализира оваа голема статистичка операција, затоа што тековно ги следи сите промени и развој на методологиите за пописите кои ги организира ОН. Но, според неа, за организирање на следниот попис на населението треба да му претходат голем број други организационо-технички подготовки и административни подготовки кои не зависат од ДЗС, а кои вообичаено траат околу една година. „Основната цел на пописите на населението е да се обезбедат податоци за населението чие место на вообичаено живеење е во земјата и на кое треба да се однесуваат економските, социјалните но и сите други политики и стратегии. А под поимот место на вообичаено живеење се смета местото каде што лицето поминува најголем дел од својот дневен, односно ноќен одмор. Непочитувањето на основните меѓународни стандарди ќе значеше вклучување на лица кои се дел од вообичаеното население и попишани како такви на пр. во Германија, Швајцарија, Италија и други земји. Тоа ќе значеше нивно дупло попишување и во тие земји и во Република Македонија. Прекинувањето на пописот беше најдобрата одлука донесена во услови на евидентното непочитување на пописната методологија. Неточните пописни резултати само ќе значеа долгорочна неточна и неквалитетна база за виталните политики на Република Македонија“, оцени во интервју за Фактор Новковска Нов директор на Државниот завод за статистика е именувана Лидија Костовска која досега ја извршуваше позцијата директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Слично
