НОВИТЕТ ВО БАНКАРСТВОТО: ПроКредит Банка со нов концепт ЗОНА 24/7 и брза и ефикасна услуга!
Македонија во банкарството тргна по чекорот следејќи го лидерот во европска економија - Германија, благодарение на ПроКредитБанка.
Со работно време 24/7, брза и ефикасна услуга, и пониски провизии за македонските бизниси и граѓани ПроКредитБанка воведе нов концепт во банкарството Зона 24/7!
Нови автомати и функционалности според најсовремената технологија во Европа, денес беа претставени пред јавноста во бизнис експозитурата на Банката во Автокоманда.
ШТО НУДИ НОВИОТ КОНЦЕПТ ЗОНА 24/7?
Оваа технологија нуди различни можности за уплата и исплата на готовина во денари. Денес за првпат во Македонија беше овозможена опцијата за уплата и исплата на евра на трансакциска и штедна сметка преку автомат.
ПроКредит е првата и засега единствена банка која нуди услуга со работно време 24 часа, 7 дена во неделата и располага со ваква современа технологија.
„Како германска банка специјализирана за претпријатија, за првпат во Македонија воведовме технологија која нуди значајни придобивки за клиентите: достапност на банкарската услуга 24/7, заштеда на времето кое клиентите го трошеа за извршување на услугите и пониски трошоци за провизии. Сега клиентите секоја услуга ја извршуваат за 2 минути, провизиите на автомат се 0 во секоевреме и самите одбираат кога ќе ја посетат банката. Услугата им е достапна насекаде низ Македонија’’ изјави ЕмилијаСпировска, Член наУправниот Одбор на ПроКредит Банка.
ЗНАЧАЕН НАПРЕДОК ВО БАНКАРСКАТА ТЕХНОЛОГИЈА И УСЛУГИ ЗА КЛИЕНТИТЕ
„Ова што го претставува ПроКредит денес е истото она штоможам да го видам во банките во Германија. Про Кредит навистина понуди значаен напредок во банкарската технологија и услугите за клиентите. Бизнисите во Германија за работа со готовина најчесто користат автомати. 47% од плаќањата во Германија се направени без готовински, а секој втор Германец работи преку електронско банкарство“, изјави Германската Амбасадорка Др. Кристине Алтхаузер.
Амбасадорката изрази задоволство што токму германска банка е лидер кој ги носи иновациите во македонскиот банкарски систем.
ПОЗИТИВЕН ИНТЕРЕС КАЈ БИЗНИСМЕНИТЕ
Снежана е првиот клиент на ПроКредит Банка која почна да го користи елелктронското банкарство. Вели дека на овј начин побрзо и поефикасно ги завршува работите како сопственик на две аптеки. Бизнисмените не се врзани за работно време на банката, се олеснува чувањето на дневниот пазар, ги скатрува трошоците.
„Со воведувањето на Зоните 24/7 на ПроКредит добивме неколку практични придобивки: Како прво избор. Сега работата можам да си ја завршам кога сакам т.е кога најмногу ми одговара. Доаѓам и во попладневните часови, навечер, во недела. Како второ се се завршува многу побрзо. Јас како сопственик или нашите авторизирани вработени, доаѓаат и завршуваат работа за 2 минути. Споредено со претходно сме многу поефикасни-за банкарските работи во просек трошевме по половина час секој ден“ вели Снежана.
Банката засега располага со 3 типа на автомати со различни функционалности, а во иднина најавуваат дополнителни.
Најкористен е банкоматот за уплата и исплата. Зоната 24/7 најмногу ја користат бизниси кои се занимаваат со трговија-супермаркети, продавнции, дрогерии, книжари, транспортни компании, ресторани и други услужни дејности и професионалци со динамично работно време и обврски, кои сакаат да си завршат работа во банка по своето работно време или за викенд.
Досега над 27% од направените трансакции на банкоматите за уплата се по 16.00 часот. Од банката велат дека овој процент постојано расте, што потврдува дека клиентите ја препознаваат придобивката од неограниченото работно време на банката.
Зоните се достапни во речиси сите експозитури на ПроКредит Банка, на 20 локации - воСкопје и Македонија.







