Новите задолжувања не смеат да се користат попусто, туку само за капитални проекти
Најпрво треба да се искористат средствата кои што се во моментов на располaгање од еврообврзницата од 2016 година, а дури пото да се посегне кон нови задолжувања. Исто така важно е сите нови задолжувања да бидат за капитални проекти. Проектираните капитални расходи да останат на она ниво на кое што се планирани, ако сакаме закрепнување на економијата и на јавните финансии. Парите од Буџетот за 2017 година да се користат наменски и во функција на економскиот раст, а Владата да не посега по кратење на капитлните расходи, порачуваат дел од економистите.
Посочуваат дека најавата во новиот Предлог- Буџет за издавање на нова еврообврзница е спротивна на ставот на Владата во јули годинава кога се зема еврообврзницата заа 2016 година.
„Најавата за нови задолжувања со еврообврзница е спротивна на она што во јули годинава беше највено дека издадената еврообврзница ќе биде користена во тековната и за следнатагодина, и затоа сметам дека најпрво треба да се искористат средствата кои што се во моментов на располагање од еврообврзницата од 2016 година, а дури потоа да се посегне кон нови задолжувања, вели Благица Петрески, директор на Институтот за економски истржувања и политики „Finance Think“.„
Проектирaниот економски раст од 3 проценти е разумен имaјќи во предвид дека со претстојните политички избори се очекува делумно политичката криза да биде разрешена.Но, исто така важно е новата Влада да се фокусира на економската и инвестициската извесност, како и решавање на оние слаби точки во економскиот модел и итно враќање на патеката на структурните реформи, што само на среден рок ќе овозможи стапки повисоки од 3%. Со оглед на моменталната состојба и доколку се реализираат капиталните расходи, Буџетот има доза на развојна компонента. Јавните пари треба да бидат користени рационално и наменски и во функција на економскиот раст, односно повеќе да се инвестира во капитални проекти кои што ќе ја развијат економијата и во проекти кои што ќе го потпомогнат бизнис секторот. Во однос на платите за администрацијата, пензиите и социјалната помош, вообичаена пракса е да заземаат најголем дел од Буџетот, така и оваа година.
Доколку се реализира раст од 3 проценти, доколку економијата повторно заживее, реалистички е и Буџетот да се ги издржи овие ставки.Нивото на капиталните расходи е проектирано на солидно ниво, кое е пониско само од реализацијата во 2008 година.Но, секоја година со ребалансите најмногу се крати кај капиталните расходи. Оттука, математички е логично што износот на проектирани капитални расходи секоја година е значително поголем од реализираниот износ во претходната година, затоа што реализираниот износ претходно бил проектиран повисоко, па скратен.
Препорачуваме проектираните капитални расходи да останат на она ниво на кое што се планирани, ако сакаме закрепнување на економијата и на јавните финансии.Насоката за буџетскиот дефицит од 3 проценти е позитивна што значи декапреминуваме кон една фаза на фискална консолидација. Оваа патека треба строго да се почитува, со цел стабилизација на јавните финансии и постепено отпочнување процес на олабавување на притисокот врз јавниот долг. Но исто така значајно е дека за да се реализира овој буџетски дефицит мора да имаме една јасна стратегија за јавниот долг.
Оттука главната препорака моменталната фискална стратегија 2017-2020 година да биде итно и недвосмислено ажурирана и да се донесе една нова стратегија за тоа како ќе се менаџира јавниот долг, се со цел ние како експертска јавност, а и пошироката јавност да има целосно разбирање за консолидацијата на јавните финансии и јавниот долг.Најавата за нови задолжувања со еврообврзница е спротивна на она што војули годинава беше највено дека издадената еврообврзница ќе биде користена во тековната и за следната година. Надворешното задолжување ево износ од близу 300 милиони евра, колку што е предвиден и износот на домашно задолжување. Во нето износ (нов долг минус отплата), вкупниот сток/кумулатив на јавниот долг ќе порасне за околу 150 милиони евра надворешен, и 150 милиони евра домашен долг. Сметам дека најпрво да се искористат средствата кои што се во моментов на располагање од еврообврзницата од 2016 година, а дури потоа да се посегне кон нови задолжувања. Исто така важно е сите нови задолжувања да бидат за капитални проекти“, вели Благица Петрески.
фото Академик
