Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новите директори го чекаат потписот на Груевски

Новите директори го чекаат потписот на Груевски
Уште денеска ќе се ефектуираат смените во директорскиот ешалон на власта. Тоа веќе го најави портпаролот Александар Ѓорѓиев, а како што објави Фактор, нови директори добиваат Комисијата за хартии од вредност, Градежниот инспекторат, и Пазарната инспекција. Станува збор за луѓе од доверба на владејачката гарнитура. „Во согласност со законот, во соодветна владина процедура се разгледуваат повеќе кадровски прашања, меѓу кои и за Комисијата за хартии од вредност, но финална одлука на Владата нема и таква одлука се очекува да биде донесена на една од наредните седници, а не е исклучено и на денешната седница“, вели владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. Како што веќе објавивме вчера се навестија серија смени во вториот и третиот ешалон на Владата, но и директорски разрешувања и роатции на кадри од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Во Собранието вчера на пленарна седница Христијан Делев беше именуван за заменик министер за економија, на местото на Катерина Веловска, која од лични причини поднесе оставка на функцијата. Првиот човек на градежниот инспекторат Сашо Дуковски е разрешен од функцијата. Се очекува на негово место да дојде Марина Наќева Кавракова, чиј мандат во Комисијата за хартии од вредност каде беше претседателка е истечен уште од септември. Како в.д претседател на Комисијата засега е Александар Петрески. Сепак, прв човек на Комисијата за хартии од вредност ќе биде Елизабета Чингаровска, актуелна директорка на државниот пазарен инспекторат. Во серијата оставки е и таа на Петар Есмеров, кој веќе не е државен секретар во министерството за одбрана. На негово место според непотврдени информации доаѓа поранешниот државен секретар во Министерството за локална самоуправа Сашо Стефановски.
Слично

Поврзани вести