Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот закон за возила тропа на собраниска врата: Што ќе се менува и воведува ?

Новиот закон за возила тропа на собраниска врата: Што ќе се менува и воведува ?

Новите измени на Законот за возила веќе тропа на собраниската врата а министерството за економија во рамки на истите направи  дополнување на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила.

Она што е новитет е дека со цел да се намалат штетните состојки на издувните гасови од моторите на возилата се воведуваат субвенции за купување на возила на електричен погон или хибридни возила, за вградување на уреди за погон на ТНГ или друг вид на алтернативно гориво и за купување на ново возило со одјавување на старото возило согласно член 41 став (1).

Меѓудругото како што се образложува во законските измени со овој закон се воведува еколошка категоризација на возилата и во зависност од годината на производство и европските Еуро емисиони стандарди на нивните мотори се добива еколошка налепница во три бои (зелена, жолта и црвена) за секое возило кое е во сообраќај на патиштата, пренесе Академик.мк каде може да ги прочитате сите детали .

Слично

Поврзани вести